Поврзете се со нас

Шпанија

Пике му одговори на Куман, па јавно се пожали: Не можам да сфатам некои работи

Објавено

на

Жерард Пике го означи како добро ремито против Кадиз со оглед на околностите и случувањата во второто полувреме, во кое гостите од Каталонија играа со човек помалку поради исклучувањето на Френки Де Јонг.

Искусниот дефанзивец на Барса опфати повеќе теми во интервјуто за „Мовистар“ веднаш по натпреварот кој заврши 0:0, но покрај тоа што се пожали за календарот и густиот распоред кој го има тимот, јавно се спротивстави на Роналд Куман кој нагласи дека за Барса оваа година ќе биде успех да заврши меѓу првите четири.

Слично како и Серхи Роберто, Пике вели дека во Барселона се игра само за првото место на табелата, односно сите со мислите треба да бидат насочени кон битката за титулата.

– Имаме големи отсуства во нападот, ни недостасуваат важни играчи. Сепак, наша цел е да се бориме за сите титули и сигурен сум дека ќе се натпреваруваме. Тимот има желба и фановите се зад нас. Не сум тука за да бидам втор или трет, ќе се бориме до крајот, во Барселона сите треба да се борат за трофеи.

– Пред натпреварот со Кадиз, немаше да прифатиме нерешен резултат, но со оглед на случувањата, ремито е добро. Она што не го сфаќам е календарот кој ни го даваат. Не знам кој го прави распоредот. Не знам зошто игравме со Гранада во понеделникот, кога со Баерн игравме претходно во вторникот. Не игравме викендот, а после мечот во понеделникот, еве во четврток игравме со Кадиз. Сега, за помалку од 72 часа имаме нов меч во Примера, а потоа не чека пак Лигата на шампионите, а потоа гостување на „Ванда“ кај Атлетико. И ние сме луѓе, не можам да го разберам сето ова, – изјави Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни