Пике му испрати порака на Гризман откако Французинот донесе конечна одлука (Фото)

pike-zinat

Антоан Гризман преку вклучување во живо го претстави генијалниот документарец преку кој соопшти дека неговата конечна одлука е да остане во Атлетико Мадрид, клубот кој самиот тој го посочи како најдобро место за продолжување на кариерата и свој дом.

Францускиот напаѓач ги држеше во неизвесност сите фудбалски фанови ширум светот во изминативе неколку месеци, а зад сета оваа негова одлука, сега дознавме дека се криело и документарен филм кој денеска и го претстави на светската јавност. Во истиот можевме да ги слушнеме сите мислења на неговите најблиски кои и тоа како влијаеја врз неговата конечна одлука, а интересно е да се напомене дека еден од продуцентите на филмот бил големата ѕвезда на Барселона, Жерард Пике.

Токму поради тоа, стоперот на Барса беше еден од првите кои му испратија порака на Гризман по конечната одлука.

– Еден поинаков начин да се види животот на еден фудбалер и неговото двоумење да донесе најважна одлука за неговата кариера. Голема благодарност до екипата од „Космос Студија“ и посебно до Антоан Гризман за дружењето во последните неколку недели. Одлучи да останеш во Атлетико и посакувам да ти оди генијално во новата сезона, – му порача Пике на Гризман.

Facebook Коментари