Пике му достави тениски предизвик на Ѓоковиќ (Видео)

pike-nole

Жерард Пике влезе во тениските води како бизнисмен и веќе го органзираше првото издание на новоформираниот Дејвис Куп, натпреварување кое му овозможи да стапи во близок контакт со најдобрите играчи во светот.

Пике е голем вљубеник во тенисот и редовно ги следи случувањата во „белиот спорт“, а сега го искористи слободното време поради коронавирусот за да му достави тениски предизвик на светскиот рекет број еден. Додека фудаблските ѕвезди ја искористија тоалетната хартија за жонглирање со нога, Пике ја искористи истата за жонглирање со тенискиот рекет, па останува да видиме каков резултат ќе остварат Ѓоковиќ, но и Марк Маркез, Сеск Фабрегас и Карлес Пујол, останатите тројца кои беа тагнати од страна на стоперот на Барса.

Facebook Коментари