Шпанија
Пике: Многу малку играчи од овој тим на Флик би играле во мојата Барса!

Жерард Пике секое свое јавно обраќање го користи за да даде интересни наслови за шпанските медиуми, а легендарниот стопер не потфрли и во интервјуто кое го направи за мадридска „Марка“.
Поранешниот стопер на каталонскиот великан призна дека е импресиониран и возбуден од проектот кој го води Ханси Флик со голем број млади играчи од Ла Масија, но кога доби прашање за да го спореди овој тим со оној неговиот од златната генерација, Пике даде искрен и реален одговор.
– Колку играчи од оваа Барса би играле во мојата? Јас бев голем број години во Барселона и наидов на различни генерации, но ако мислите на тимот кој освои триплета и секстет, тогаш ќе ви кажам дека нашата Барса беше посебна Барса.
– Тој е еден од најдобрите тимови во историјата на фудбалот, ќе ви кажам дека малку играчи од овој тим би имале шанса. Во нашата Барса имаше многу големи играчи. Штета е да не играат Ламин, Кубарси или Рафиња кој игра на врвно ниво, но во мојата Барса на тие позиции ги имавте Меси, Пујол, или Вилја, Анри и Ето.
– Зборуваме за топ играчи, играчи од светска класа кои освоија многу титули. Овие играчи од актуелната Барса треба да се изборат за да бидат споредувани со тој тим. Не им недостасува желба и квалитет, но им фали да освојат големи титули, – заклучува Пике.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Драма во судиското продолжение во Скопје: Миовски го искористи подарокот од Ален, Брукс го спаси Велс од пораз во 96.минута (ВИДЕО)