Пике имал „пријатен“ разговор со судијата Мансано: Историјата зборува за тоа…

pike-mansano

Барселона направи голем кикс и одигра само 2-2 против Џирона на домашен терен со што го расипа својот максимален учинок во досегашниот дел од сезоната.

Меѓутоа за ова реми дополнително ќе се зборува и се зборува, а причината за тоа е црвениот картон кој судијата Хесус Хил Мансано му го додели на домашниот дефанзивец Клемен Ленгле. Барса при резултат од 1-0 остана без Французинот кој беше исклучен од Мансано по прегледување на снимката, односно користење на ВАР технологијата.

Од таборот на Барса воопшто не беа задоволни од одлуката на судијата, одлука која го смени текот на натпреварот. Голем дел од актерите тоа јасно го посочија по средбата, но сега излезе и една конверзација која Хил ја имал со стоперот Жерард Пике на полувремето на дуелот.

-Јасно е, дали навистина мислеш дека тоа беше намерно? Понс го фаулира Ленгле и потоа тој…? -го праша Пике судијата Мансано и на што доби одговор?

-Слушај ме тој го крена лактот на крајот, тој тоа го знае. Не е во природна позиција на раката, -порача Мансано на што стоперот на Барса порача:

-Навистина… Историјата зборува за тоа, -заврши Пике алудирајќи на тоа дека Мансано многу често во изминативе сезони исклучува играчи на Барселона (Суарез, Нејмар, Роберто).

Барса поднесе жалба за црвениот картон на Ленгле и сега останува да видиме дали истата ќе го даде посакуваниот резултат.

Facebook Коментари