Светски првенства
Пике имал пеколни воведни денови на историскиот мундијал: Дел Боске не можеше да поверува што се случува

Жерард Пике стави крај на репрезентативната кариера во 2018-та година и нагласи дека планира да се насочи само кон настапите со Барселона, вест која со огромно воодушевување ја дочекаа огромен број шпански фудбалски фанови, бидејќи во последните неколку години, стоперот беше во секојдневна „војна“ со навивачите.
Поради своите изречни каталонски погледи и чести критики за шпанската власт, Пике го навлече гневот кај фановите и многу често беше жестоко извиркуван од домашните фанови за време на репрезентативните натпревари, нешто на што му дојде крај пред две години.
Сепак, кога е во прашање залагањето кое го имаше на теренот, никој не може да оспори дека Жерард не даваше максимум за дресот на „фуријата“, а доказ за тоа се и повеќе од 100-те натпревари кои ги одигра во кариерата.
Пике ги освои Светското првенство во 2010-та година и Европското првенство две години подоцна, а сега кога речиси се навршуваат 10 години од историскиот успех на мундијалот, играчот на Барса се потсети на пеколните први денови кои ги имал на турнирот.
– На првиот меч против Швајцарија ми ја отворија аркадата, на вториот меч ми ја отворија усната, а два дена подоцна, на еден од тренинзите, добив силен шут во лице и повторно ми ја отворија усната.
– Се сеќавам дека Висенте Дел Боксе не можеше да поверува, велеше дека имам многу лоша среќа. Да, јас си го скршив лицето за Шпанија и тоа се исплатеше. Да живее кралот, – изјави Пике во интервјуто за „L’Esportiu“.

- Англијапред 23 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 20 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 18 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 24 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 22 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 19 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 16 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 18 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…