Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пике и Гризман сериозно се „зајадоа“ на теренот и си разменија вулгарни навреди (Видео)

Објавено

на

Жерард Пике се врати во вистинско време за да му помогне на Роналд Куман кога е во прашање составувањето на стартната постава, но на крајот излезе дека искусниот стопер се врати за да биде дел од новата сурова фудбалска лекција која ја доби Барселона во Лигата на шампионите.

Вечерта која за него значеше враќање на фудбалските терени се претвори во нов европски кошмар за каталонскиот гигант, бидејќи Барса на домашен терен беше жестоко надиграна, а и заслужено победена од страна на ПСЖ со високи 1:4, кои сега им оставаат мали шанси на каталонците во најелитното натпреварување.

Барселона играше со голема тензија и во ниту еден момент не се чувствуваше комоција на теренот, а најдобра отслика за тоа е бурната расправија која ја имаа Пике и Гризман пред крајот на првото полувреме. Откако ПСЖ израмни со голот на Мбапе, Пике беше очигледно незадоволен од пасивната игра на неговиот тим, па своето незадоволство го искажа со жолчни пцовки.

– Ниту еден е.ан долг посед на топка. По ѓаволите, е.ете се…., – порача бесниот Пике, на што му одговори Гризман.

– Тоа е доволно Гери, смири се. Немој да викаш, е.ено смири се….

– Не, е.и се ти, страдаме на теренот 5 минути, трчаме како лудаци, – заврши Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни