Поврзете се со нас

Шпанија

Пике го „поздрави“ Реал со нова „петка“ и предизвика многу реакции на Твитер (Фото)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBarcelona_cat

Барслеона има многу поголема традиција од Реал Мадрид во женскиот фудбал, а тоа го докажа и на денешното „Ел Класико“ кое се одигра на Олимпискиот стадион „Луис Компанис“ во Каталонија.

Женскиот тим на Барса ги декласираше ривалките од шпанската престолнина и оствари преубедлива победа со резултат 5:0, а набрзо по завршувањето на средбата, пристигна една провокација од човекот кој со години наназад го вжештува ривалството меѓу Барселона и Реал.

Жерард Пике повторно ја покажа „петката“ која првпат ја промовираше во сезоната 2010/2011, но овојпат тоа го направи преку социјалните мрежи.

Твитот на поранешниот стопер експресно доби илјадници споделувања, а покажаната „петка“ е своевидно потсетување на легендарната прослава која ја имаше против Реал во 2010-та година (5:0), а која потоа ја повтори и во 2019 (5:1 за Барса против Реал).

Што се однесува до мечот кој се играше во Каталонија, во листата на стрелците за Барселона денеска се запишаа Бонмати, Хандсен, Мариона, Пиња и Лопез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни