Поврзете се со нас

Шпанија

Пике го „поздрави“ Флорентино за претседателските избори во Реал Мадрид

Објавено

на

Флорентино Перез беше самостоен кандидат на последните претседателски избори во Реал Мадрид и го започна својот шести мандат како лидер на „кралскиот клуб“, нешто што според Жерард Пике нема да се промени и во наредните 20 години, односно се додека Флорентино добро го држи здравјето.

Искусниот бизнисмен на извонреден начин го води Реал Мадрид кога е во прашање стабилноста и финансиската моќ, но Пике не пропушти да го „пецне“ во последното интервју за „Ел Хормигеро“, во кое се обиде да објасни колку е тешко да се станете само кандидат за претседател во Барселона и Реал Мадрид.

Пике има одредена желба да стане претседател на Барселона по крајот на играчката кариера, но за да биде само кандидат, треба да обезбеди буџет и гаранција од 150 милиони евра.

– Дали имам број од Флорентино? Ако не го променил, го имам неговиот телефонски број. Во минатото зборував со него поради лични причини.

– Искрено, има денови кога се гледам како претседател на Барса, а во други денови не толку. Мора да имате огромна љубов кон клубот за да бидете претседател, тоа место нуди голема жртва. Исто така, за да бидете кандидат, мора да имате гаранција од 150 милиони евра. Во Реал Мадрид е исто, со тоа што Флорентино Перез сега сака да ја покачи таа гаранција за никогаш да нема противкандидат. Следните вистински избори во Реал ќе бидат за 20 години, – со насмевка порачува Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни