Поврзете се со нас

Шпанија

Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…

Објавено

на

blank

Екипата на Барселона успешно го реши гостувањето кај Севилја (2-0) и со тоа покажа дека нема намера така лесно да се откаже од пехарот во Примера.

Каталонците одиграа одлучно го Андалузија, го неутрализираа домаќинот и со головите на Дембеле и Меси ги освоија трите бода со кои дојдоа на само минус два во однос на лидерот Атлетико Мадрид.

Стоперот Жерард Пике беше презадоволен од изданието на екипата и притоа испрати порака до ривалите дека тие како група ќе имаат што да кажат до крајот на сезоната, а особено дополнителен импулс ќе им биде ако успеат да ја свртат полуфиналната пресметка против Севилја во Купот на Шпанија.

-Дефинитивно има трка за титулата. Сме виделе полоши работи и овој тим покрај тие два натпревари (ПСЖ и Кадиз) ние сме добри до 2021 година. Ние веруваме. Севилја на домашен тере немаше ниту еден шут во ракмките на голот, не создадоа шанси.

-Ситуацијата не е идеална, ама верувам во тимот. Се е во нашите глави. Ако во среда ја свртиме пресметката против Свеилја, сезоната комплетно се менува. Ќе бидеме во финалето на Купот и се уште сме живи во Ла Лига, -порача Пике.

Инаку Барса против Севилја ќе брка негатива од 2-0 на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни