Пике ги налутил челниците на Барселона со своите тениски „авантури“

pike-mansano

Раководството на Барселона не го крие своето незадоволство од однесувањето на Жерард Пике, кој според одговорните во клубот повеќе размислува за својот бизнис во тенисот, отколку за случувањата со Барселона.

Дефанзивецот предизвикал реакција откако наместо да ја искористи паузата за четиридневен одмор, тој отпатувал во Шангај каде имал состаноци поврзани со компанијата која ја презема организацијата и на завршницата на Дејвис купот. Пике отпатувал во кинескиот град за да се сретне со дел од најквалитетните тенисери кои настапуваа на Мастерсот во Шангај и со нив да поразговара за Дејвис купот, но и другите идеи кои ги има, а во Барселона воопшто не го гледаат со симпатии тоа што патувал 20.000 километри за нешто што не е поврзано со клубот.

Посебно што Барселона имаше слаба серија во домашното првенство, а наредниов период екипата ја очекуваат тешки натпревари против Севилја, Интер и Реал Мадрид.

Facebook Коментари