Шпанија
Пике даде револуционерен предлог за фудбалот во шоуто со Касилјас: Мора да промениме нешто

Првиот поткаст организиран од Икер Касилјас вчера беше ексклузивно емитуван во Шпанија, а истиот привлече огромно внимание бидејќи прв гостин му беше Жерард Пике.
Легендите на Реал Мадрид и Барселона во голем дел од разговорот се задржаа на „Ел Класико“ случувањата од минатото, но отвори и други разноразни теми, од кои посебно во фокусот се најде онаа за популаризирање на најважната споредна работа во светот.
Фудбалот доживува надолен тренд и новите генерации се поретко се одлучуваат да гледаат фудбалски натпревари, а според Пике, тоа е така бидејќи се уште има средби кои завршуваат 0:0.
За да се избегне најнепопуларниот резултат во иднина, Жерард има и предлог до водечките луѓе на фудбалот, односно им препорача да се промени едно правило.
– Не може да отидеш на фудбалски стадион, да потрошиш 100, 200 или 300 евра за билет, а натпреварот да заврши 0:0. Мора да се промени нешто на таа тема. Имам еден предлог кој можеби звучи смешно, но би донел резултат. Ако натпреварот заврши 0:0, двата тима да добијат по 0 бодови. Ако се активира такво нешто, натпреварите целосно ќе се отворат од 70-та минута и нема да гледаме натпревари што завршуваат 0:0, – вели Пике.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)