Поврзете се со нас

Шпанија

Пике: Чави ми прави навистина голем притисок како тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жерард Пике денеска го одработи интервјуто за „Ел Хормигеро“ кое беше одложено по пристигнувањето на Чави Ернандес на клупата на Барселона, па иако првично се пренесе дека новиот тренер комплетно го откажал, тоа не беше случај.

Пике демантираше дека Чави им забранил на своите фудбалери да одработуваат интервјуа и гостувања во емисии без негова дозвола, но сепак призна дека тој вовел своите правила кои сепак не сакаше да ги открива.

Стоперот на Барселона повеќе говореше за тоа какво влијание има Чави врз него како поранешен соиграч, односно потенцираше дека чувствува навистина голем притисок поради тоа што добро се знаат од играчките денови.

– Искрено, Чави ми прави навистина голем притисок. Тоа што сега е тренер на тимот ми прави дополнителен притисок. Едноставно не сакам да го изневерам бидејќи тој добро ги познава сите мои квалитети.

– Од морална гледна точка, морам да давам максимум во секој момент за тимот, бидејќи ако не го правам тоа, се чувствувам како да сум го изневерил, – потенцира Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни