Пици разочаран по натпреварот: Русија не нѐ изненади

pizzi

Денеска на Лужники стадионот во Москва беше отворено 21. Светско првенство, а честа да го одиграат првиот меч ја имаа репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија, каде домашната селекција со им приреди „петарда“ на Арабијците.

Со двата гола на Черишев и погодоците на Газински, Ѕјуба и Головин, Саудиска Арабија беше тотално надиграна, а на прес-конференцијата по натпреварот, селекторот на „зелените соколи“, Хуан Антонио Пици беше разочаран од играта на своите момци.

– Беше тежок меч и претрпевме огромен и неочекуван пораз. Русија играше одлично, a ние не успеавме да го покажеме вистинското лице. Мислам дека противникот не направи ништо посебно за да нè изненади, туку нашата лоша игра беше пресудна за  овој резултат. Ќе мораме да ја промениме стратегијата и да заборавиме на сè што се случи денеска. Верувам во моите играчи и сега треба да размислуваме на наредните мечеви,- изјави Пици на прес-конференцијата.

Следен противник за момците на Пици ќе биде селекцијата на Уругвај, со кој ќе се сретнат во среда на Ростов арената во Ростов.

Facebook Коментари