Пежо и Еуроимпекс нудат проверка на клима уредот во 7 контролни точки

objekt euroimpeks pezo

Покрај акциите за нови возила, Пежо секогаш посветува внимание и на постпродажниот процес кој е од големо значење за клиентите.

Комуникацијата со клиентите и следење на историјата на нивниот автомобил е основата на работењето на сервисните центри на Еуроимпекс. Грижата за својот автомобил го прави секој сопственик одговорен кон својата инвестиција, а Пежо е присутен во секоја точка на одржувањето.

Во новата сервисна акција Пежо ве советува: „препуштете се на максимално уживање во текот на возењето при жешките летни денови. Проверете и дополнете ги навреме клима уредите во вашите возила, по специјална цена од 1.300 денари, во текот на акцијата која вклучува:

Дополнување на клима уредот и проверка на 7 контролни точки:

– Визуелна контрола на каишот на компресорот на клима уредот,

– Контрола на црева и цевки,

– Контрола на ладилникот на клима уредот,

– Контрола на работењето на квачилото на компресорот на клима уредот (во зависност од опремата)

– Тест на притисокот на разладниот флуид

– Контрола на температурата на воздухот во кабината

– Проверка на нивото на течности

– + 10% попуст на сите зафати и делови

Дочекајте го летото сигурни дека температурата во вашето возило ќе биде идеално прилагодена според вашите потреби. Овластените сервисни центри на Еуроимпекс ве очекуваат!

pezo klima ured

Facebook Коментари