Поврзете се со нас

Македонија

Петто летно засилување: Брегалница ги обезбеди услугите и на Стефан Коцев

Објавено

на

Повратникот во елитната македонска фудбалска конкуренција Брегалница промовираше уште едно ново име, петто засилување во овој летен преоден рок.

Нов член на „сините“ е Штип е Стефан Коцев за кого ова воедно ќе претставува враќање во старата средина. Дефанзивецот кој има 27 години доаѓа од косовски Призрен, претходно играше за грчки Аспропиргос и Лирија (Косово), додека во Македонија освен за Брегалница настапува и за Силекс.

Пред Коцев во новиот македонски прволигаш пристигнаа Иван Минчев, Бобан Георгиев, Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни