Петти пораз во низа: Металург повторно потклекна против Бешикташ

jaganjac

Македонскиот вицепрвак Металург го претрпе петтиот пораз во низа, трет во Лигата на шампионите на гостувањето во Турција кај Бешиташ.

Турскиот претставник пред своите гледачи славеше со 32-29 во натпревар со две различни полувремиња. Во првите 30 минути избраниците на Александар Јовиќ одлично се снајдоа, го надиграа противникот на теренот и на паузата заминаа со два гола позитива (15-13).

Меѓутоа во вториот дел видовме поинаква слика, Прибак, Лазаров и компанија беа надмоќни, покажаа поголема желба, залагање и тоа им донесе успех и севкупна победа.

Голманот Хандави беше одличен кај Бешикташ со 16 интервенции, 7 голови даде Озбахар, а пак нашите репрезентативци Прибак и Филип Лазаров искомбинираа 6 погодоци.

Листата на стрелци кај „металурзите“ ја предводеше Кузмановски со 7 голови.

Составот од Автокоманда во следното коло е домаќин на укрански Мотор.

Facebook Коментари