Поврзете се со нас

Англија

Петте најсилни европски лиги формираат пакт за важна промена за летниот преоден рок

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Клубовите и дел од официјалните претставници на фудбалските федерации во Европа досега само најавуваа, но членовите на Премиер лигата веќе усогласиле промена на траењето на летниот преоден рок.

„Тајмс“ тврди дека на последниот состанок, членовите на најелитната англиска лига изгласале преодниот рок да трае до 15. август, односно да заврши пред почетокот на новата сезона, со што клубовите би имале помирна ситуација и можат целосно да се фокусираат на натпреварите.

Дури и ваквата одлука немаше да има целосен ефект, ако одговорните и во преостанатите четири најквалитетни европски лиги не се на иста фреквенција, но „Тајмс“ тврди дека премирлигашите добиле уверување за ист потег и на одговорните тела во Шпанија, Италија, Германија и Франција.

Поддршка за ваквото решение клубовите добиле и од Европската асоцијација на клубови, па се чини дека само неколку земји ќе можат да купуваат фудбалери по 15. август, што ќе го намали и периодот за преговори и комплетирање на трансферите.

Единствен проблем за најквалитетните европски лиги ќе биде Саудиска Арабија, чиј преоден рок ќе трае многу подолго, а финансиските понуди ќе бидат примамливи за дел од фудбалерите. Во таков случај, клубовите од европските лиги нема да можат да си обезбедат замена за евентуално продаден фудбалер.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни