Поврзете се со нас

АБА лига

Петрушев издоминира во АБА лигата, денеска потврдил дека се пријавил на НБА драфтот

Објавено

на

Photo: ABA League

Филип Петрушев е уште еден голем српски и европски кошаркарски потенцијал, кој по одличната сезона во АБА лигата, реши да се пријави на НБА драфтот.

Кошаркарот на Мега успеа да го освои МВП признанието, беше најдобар стрелец и најдобар млад играч во АБА лигата, па сосема очекувано веќе размислува за најсилната лига во светот.

Петрушев со помош на искусниот агент Мишко Ражнатовиќ направи одличен потег со враќањето во Србија, а со настапите во Мега покажа дека Србија има уште еден голем талент, кој веќе дебитираше и за сениорската репрезентација.

Без разлика кога Петрушев ќе дебитира во НБА, поседува потенцијал кој му гарантира шанса во оваа лига, а ќе биде одличен претставник на европската кошарка, која и во моментов има ѕвезди како Јокиќ, Дончиќ, Драгиќ, Сабонис и други.

Доколку биде избран на драфтот како член на Мега, Петрушев ќе го следи примерот на Никола Јокиќ, кој по истиот пат и со истото МВП признание стигна до НБА, а сега е кандидат и за МВП на американската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни