Поврзете се со нас

Евролига

Петрушев експресно ја заврши НБА авантурата и се врати во Европа (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/filip3petrusev

Авантурата на Филип Петрушев во НБА лигата траеше навистина многу кратко, односно само неколку месеци откако стана јасно дека не успева да се снајде на американско тло.

Српскиот репрезентативец беше избран како 50-ти пик на драфтот од Филаделфија во 2021-на година, но тогаш беше договрено да остане уште две сезони во Европа, пред да се врати во „сиксерси“.

Петрушев потпиша договор со Филаделфија изминатиов јуни, но од таму заврши во Клиперс, а потоа и трејдуван во Сакраменто каде исто така не доби шанса.

После само четири меча во НБА лигата, Петрушев го раскина договорот со Сакраменто и стана слободен агент, а вечерва беше пренесено дека се враќа во Европа.

Грчкиот великан Олимпијакос се пофали дека го обезбедил потписот на Србинот, кој сега треба да ги радува навивачите во Пиреја во наредните три години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни