Поврзете се со нас

Мото ГП

Петручи најбрз на влажната патека во Франција

Објавено

на

Данило Петручи ја оствари втората победа во Мото ГП кариерата, триумфирајќи на денешната трка во Франција, која беше одбележена и со дождливото време и влажната патека.

Возачот на Дукати кој стартуваше од третата позиција одржуваше одличен ритам во текот на целата трка во Ле Ман и заслужено стигна до највисокото место на пиедесталот, на кој првпат се најде и Алекс Маркез кој возеше одлично со Хонда.

Третото место го освои Пол Еспаргаро со КТМ, додека освојувачот на пол-позицијата Фабио Квартараро имаше неубедлив настап и го освои само деветтото место на домашен терен.

Андреа Довициозо долго беше со место на подиумот, но на крајот го освои само четвртото место, а меѓу него и Квартаро се најдоа уште Зарко, Оливеира, Накагами и Брадл.

Валентино Роси излета уште во првиот круг, а пласман не обезбедија ниту Милер, Морбидели, Крачлоу, Рабат и Смит.

И покрај деветтото место денеска, Квартараро со Петронас Јамаха е на врвот во генералниот пласман со 108 поени, а следуваат Мир со 100 и Вињалес со 20 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни