Поврзете се со нас

Македонија

Петровиќ застана на чело на Академија ФМП: Ќе играме модерна кошарка

Објавено

на

Екипата на Академија ФМП во наредната сезона ќе биде преводена од искусниот македонски стручњак Александар Петровиќ.

Тој доаѓа на местото на Владимир Мирковски кој пак оди во доскорешниот клуб на Петровиќ-тоа е составот на Куманово.

-Костурот на екипата ќе биде составен од перспективни млади играчи подржани од квалитетни странски засилувања. Ќе се трудиме со тие млади играчи да постигнеме резултат и пред сѐ да се игра модерна кошарка и да бидеме конкурентна екипа, -порача Петровиќ.

Во досегашната кариера Петровиќ освен во Куманово беше главен во Пелистер, Карпош Соколи и МЗТ Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни