Македонија
Петровиќ: Заслужено победивме, овој трофеј им го посветувам на Цевка, Дуковски и Лазовски
Екипата на МЗТ Скопје имаше посакуван старт на кампањата 2022/2023 и тоа со триумф во Суперкупот каде го совлада ТФТ со 100:82.
„Металите“ покажаа знаење, квалитет, го надиграа противникот и сосема заслужено дојдоа до првиот трофеј. Тренерот Александар Петровиќ беше задоволен од прикажаната игра на неговиот момци, а победата, пехарот им го посвети на тројца специјални луѓе Драган Василов Цевка, Анте Дуковски и Марјан Лазовски.
–Ова не е изненадување за мене, заслужено победивме бидејќи имавме контрола над резултатот во текот на целиот натпревар. Нормално, се игра за трофеј. Секој трофеј е важен. Очекував ваков натпревар и од моите играчи и од страна на ТФТ. И многу ми е драго што трофејот го носи името на мојот другар Драган Василов Цевка. Сакам да им го посветам овој освоен трофеј на Драган Василов Цевка, Анте Дуковски и на Маки Лазовски кои нè напуштија прерано, -порача Петровиќ.
Честитки за триумфот на противникот испрати и тренерот на ТФТ, Боро Смилковски.
-Пред сè, мислам дека епитетот на Суперкуп натпревар за пехар единствено го оправда амбиентот што го имавме вечерва, сигурно не го оправдавме ние како екипа. Успеавме да ги елиминираме грешките и да најдеме карактер во второто полувреме. Сепак, беше преголем залак после едно такво лошо полувреме, да победиме. Што поради наши грешки, што поради судиски, пресудија за исходот. Честитки до МЗТ Скопје Аеродром за освоениот пехар во Суперкупот, -порача Смилковски.
-
Светски првенства6 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија17 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства20 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија12 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија18 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија18 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија17 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Свет15 часа
Нејмар се подготвува за преселба во МЛС лигата, три клуба се во игра