Поврзете се со нас

АБА лига

Петровиќ: Задоволен сум од односот на играчите, Звезда е силен евролигашки тим

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје не успеа да направи изненадување и загуби од Црвена Звезда со 87-67 во првиот меч во новата сезона во АБА лигата.

Ова за „металците“ беше кам-бек во најсилното регионално натпреварување по пауза од неколку години, па и покрај поразот впечатокот е позитивен и покрај поразот од 20 разлика. Македонскиот првак беше рамноправен ривал во три од четирите четвртини, односно „црвено-белите“ беа доминатни само во вториот период кој заврши со резултат 26-13.

-Одигравме колку што можевме против силен евролигашки тим. Бевме подобри во играта во одбрана отколку во нападот. Офанзивно затаивме во одредени моменти, имавме пропусти, но и покрај тоа сум задоволен, најмногу од односот на играчите. Го контролиравме скокот, но имавме повеќе загубени топки, што искусен тим како Ц. Звезда ги искористи и тука ја гледам причината за поразот. Игравме без двајца играчи, Еван Максвел и Адем Мекиќ, кои се повредени, но еден од нив двајца очекувам да ни помогне против Партизан, -истакна тренерот Александар Петровиќ.

МЗТ и во второто коло има пеколна задача со оглед на тоа што ќе го пречека Партизан, тим кој заедно со Цвезда е најквалитетен во оваа конкуренција и воедно сезонава игра и во Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни