Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Петровиќ за разликата меѓу фудбалот и кошарката: Бодот на Динамо вреди повеќе од…

Објавено

на

Динамо Загреб се посрамоти против Баерн Минхен на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, но веќе на вториот меч против Монако покажа зошто е дел од елиитната конкуренција и 36 екипи кои се дел од истата.

Клубот од Загреб беше пред победа против тимот кој во претходната рунда ја доби Барселона, водеше со 2-0, меѓутоа во финишот не се снајде најдобро, направи и некои грешки со кои му овозможи на противникот да излече реми на „Максимир“.

Овој бод на Динамо ќе му донесе 700.000 евра, па хрватската кошаркарска легенда Александар Петровиќ со еден статус ја објасни разликата меѓу фудбалот и спортот во кој тој долго време е активен и работи.

-Разликата во организација меѓу фудбалот и кошарката е највидлива во финансискиот сегмент. Бодот на Динамо против Монако вреди повеќе од поединечните буџети на Цибона, Сплит и Задар за актуелната сезона, -напиша Петровиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни