Поврзете се со нас

АБА лига

Петровиќ: Вечерва победи послабата екипа

Објавено

на

Составот на МЗТ Скопје се избори за победа над Борац Бања Лука во дербито на колото во АБА2 лигата.

Македонскиот претставник имаше доста проблеми на средбата во „балонот“ во Широки Бријег, губеше и со 17 разлика, ама покажа катактер, упорност и со супер квалитетна игра во завршните десет минути во кои прими само осум поени (25-8) се избори за пресрт и триумф со кој го забетонира првото место во основниот дел.

-Можам да кажам дека вечерва победи послабата екипа. Борац одигра одлични три четвртини, беа подобри од нас, ние не можевме да одговориме на нивната агресивна игра. Во четвртата четвртина дојде до израз нашето искуство, ја кренавме агресивноста во одбраната, тоа ни ја донесе победата, -порача тренерот Александат Петровиќ.

МЗТ во последната рунда на овој турнир ќе се соочи со Златибор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни