Поврзете се со нас

Олимписки игри

Петровиќ претрпе тежок пораз во Париз, па направи споредба на двата американски дрим-тима

Објавено

на

Foto:instagram.com/basquetecbb

Репрезентацијата на САД вчера демонстрираше сила и моќ против Бразил и уверливо се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, турнир на кој важи за апсолутен фаворит за освојување на златниот медал.

По лошото издание на Американците на Светското првенство, Леброн Џејмс реши да ги обедини најголемите ѕвезди од НБА лигата и да состави нов „дрим-тим“, па во овој последен период, има и многу споредби со легендарниот „дрим-тим“ од Барселона од 1992-та година.

Дел од истиот беа Џордан, Пипен, Џонсон, Робинсон, Мелоун, Стоктон и Баркли, а Ацо Петровиќ и пред повеќе од три децении имаше можност одблиску да ги следи амеериканските ѕвезди.

Актуелниот селектор на Бразил вчера не можеше да направи ништо во намерата да го неутрализира тимот на Стив Кер (122:87), па откако претрпе тежок пораз, реши да направи една споредба меѓу двата американски тима, овој актуелниот и оној од Барселона.

– После искуствата со двата дрим-тима кои ги гледав, сега можам објективно да согледам и да направа компарација меѓу двата тима. Оној дрим-тим од Барселона имаше поголем талент, но сегашниот дрим-тим е физички помоќен и ги разбива противниците, – заклучи селекторот на Бразил.

Ацо Петровиќ беше дел од хрватскиот тим кој освои сребрен медал на Олимписките игри во Барселона, тогаш како помошник на Петар Сканси кој го водеше тимот до финалето во кое загуби од Америка.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни