Поврзете се со нас

Македонија

Петровиќ: Поразот од Шкупи беше како гром од ведро небо, ама ќе влеземе во посакуваниот ритам

Објавено

на

foto:x.com/ABA_League2

Тимот на Пелистер доживеа сосема неочекуван пораз од Шкупи од 90:86 во претходното коло во Првата лига, пораз кој беше вистински шок за клубот од Битола.

Меѓутоа „зелено-белите“ се убедени дека тоа било само лош ден и дека веќе против Работнички во Скопје ќе покажат дека се супер квалитетни и имаат највисоки амбиции во домашните натпреварувања.

-Работевме напорно во овие изминати десетина дена, максимално користејќи ја паузата. Оној пораз од Шкупи беше како гром од ведро небо за нас, работевме на отстранување на грешките, но истовремено и зборувавме многу со самите играчи, за во продолжението од сезоната да влеземе максимално фокусирани. Јас верувам во мојата екипа, имаме квалитетен состав и очекувам да влеземе во посакуваниот ритам, изјави тренерот Александар Петровиќ кој говореше и за утрешниот меч.

-Вистински дерби дуел против квалитетен противник. Работнички веќе покажа дека приоритет сезонава ќе му биде домашното првенство, формата на тимот пред се на домашните натпревари се движи во нагорна линија и знаеме дека нема да ни биде лесно. Она што ќе биде клучно е да се одигра максимално ангажирано, со цврста одбрана во текот на сите 40 минути. Тие добија многу со доаѓањето на Дубински на плејмејкерската позиција и ќе мораме да внимаваме да ја неутрализираме нивната „пик игра“. Верувам дека ќе биде добар натпревар, дека Пелистер ќе се покаже во добро светло и секако се надевам дека ние ќе излеземе како победници, -порача искусниот стратег.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни