Поврзете се со нас

Македонија

Петровиќ: Наместивме некои коцки со моите помошници, заслужено ја освоивме титулата

Објавено

на

Составот на МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во македонската кошарка и дојде до уште еден пехар во шампионатот.

„Металците“ славеа во Битола над Пелистер со 102-93 што беше доволно за трета победа во оваа серија и затварање на истата (3-1) за деветта титула во последните десет години.

Со ова клубот од Аеродром ја заокружи одличната сезона во која најголем минус е поразот во финалето на Купот со оглед на тоа што екипата предводена од Александар Петровиќ успеа и да се врати во најсилната конкуренција на АБА лигата.

Тренерот Петровиќ е задоволен, среќен и најави дека наскоро ќе се започне со плановите за кампањата 2022/2023.

-Прво, да му честитам на Пелистер и на оваа прекрасна публика за фантастичното финале. Од последните шест натпревари против овој ривал, победивме на пет и мислам дека заслужено ја освоивме титулата.

-И пред да дојдам јас, екипата беше одлична, со моите помошници можеби наместивме некои коцки, но тоа сепак беше еден добар колектив кој знае да игра кошарка. Наскоро ќе почнеме со плановите за новата сезона во која ќе се натпреваруваме и во АБА лигата, -порача предводникот на „штрковите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни