Поврзете се со нас

Свет

Петровиќ ја напушти селекторската функција во Бразил

Објавено

на

Хрватскиот стручњак Александар Петровиќ се повлекол од селекторската функција во кошаркарската репрезентација на Бразил.

Иако успешно ги водеше „кариоките“, Петровиќ во меѓувреме ја прифати тренерската работа во италијанскиот тим Пезаро, па решил целосно да му се посвети на овој предизвик.

Петровиќ стана селектор на Бразил во 2017 година, ја одведе селекцијата на СП во Кина, но доживеа неуспех во олимписките квалификации и јужноамериканската селекција не се пласираше во Токио.

Пезаро е тим во кој Петровиќ настапувал една сезона како кошаркар, а интересно за него е само втор клупски ангажман, откако претходно кратко беше тренер на Литвос Ритас.

– Многу размислував за одлуката изминатите две недели, па на крајот решив да заминам, за што Бразилците имаа разбирање, – изјавил Петровиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни