Поврзете се со нас

АБА лига

Петровиќ: Играчите го испочитуваа договореното, честитки за одличната партија

Објавено

на

Составот на МЗТ Скопје со победа над Широки Бријег од 91-78 го започна настапот на последниот турнир од регуларниот дел од АБА2 лигата.

Клубот од скопски Аеродром го надигра домаќинот, се функционираше како што треба и запиша победа со која ја продолжува трката за првата позиција на табелата.

-Честитки до моите момци на одличната партија. Се што се договоривме го испочитувавме, во двата правци напад и во одбраната. Имавме контрола на скокот, резултатот и тука ја гледам нашата одлична партија и победа. Честитки до Широки за дадениот отпор како и до публиката која беше фер и коректна, -истакна тренерот на македонскиот првак Александар Петровиќ.

МЗТ во следнот коло се соочува со Борац Бања Лука кој е директен ривал за местото број еден во оваа конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни