Поврзете се со нас

Македонија

Петровиќ и Костоски во еден глас: Целта е да освоиме најмалку еден трофеј

Објавено

на

Екипата на Пелистер и во новата сезона ќе игра значајна улога во нашата кошарка, тим кој има поставено високи цели и амбиции, а истите треба да бидат остварени под палката на искусниот Александар Петровиќ.

Петровиќ долго време е на нашата кошаркарска сцена и верува дека имаат состав кој е конкурентен и може да донесе трофеј/трофеи во Битола.

-Ова е мое второ враќање во Пелистер, наидувам на еден нов проект, многу посериозен од она што беше случај во минатото. Пелистер во моментов е сериозно организиран клуб, се што побарав беше исполнето, подготовките што ги одработевме беа беспрекорно организирани. Можам да кажам дека ростерот е одлично пополнет, имаме по двајца кошаркари на секоја позиција.

-Почнуваме во сабота против МЗТ Скопје, секако дека ќе се обидеме да стигнеме до трофејот, но би сакал да порачам но ова ќе биде долга сезона, очекувам момците да дадат се од себе, да стигнеме до задоволителни резултати. Би сакал пред се да се заблагодарам на управата за условите што ги имаме, ова немаше да го имаме како проект да не беше Марјан Илиевски и сакам во свое име и во име на сите играчи да се заблагодарам за она што ни беше овозможено. Имаме беспрекорни услови во Битола, бевме заедно на подготовки во Златибор каде создадовме еден вид на семејна атмосфера, тие подготовки ги искористивме токму за тоа, за уште поголемо подобрување на атмосферата, -вели Петровиќ и додава:

-Имаме квалитетна екипа, имаме одлична атмосфера и верувам дека уште повеќе ќе напредуваме како што ќе минува времето, но не криеме дека сакаме барем еден трофеј. Секое натпреварување е значајно, Пелистер четврта сезона е во АБА2, но форматот е нов и поразличен од минатото, прва цел ни е да ја минеме првата фаза, а потоа и да се бориме за што подобар пласман. Ќе одиме на трофеј во сите натпреварувања, ќе видиме до каде ќе дотуркаме на крајот од сезоната, но мислам дека постојат предуслови за врвни резултати. Она што можам да го кажам е дека ќе играме убава кошарка за око како што беше случај и на овие подготовки, сигурно ќе бидеме конкурентни за освојувње на трофеите, а за пехарите ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Во АБА2 секако имаме поголема конкуренција, но она што можам да го ветам дека нема да бидеме во подредена улога против ниту еден ривал, подготвени сме за да одиме на победа на секој натпревар, -порача стратегот на „зелено-белите“.

Оптимист околу тоа што може да биде направено во натпреварувачката 2024/2025 е и плејмејкерот Александар Костоски.

-Втора година сум дел од КК Пелистер, би сакал да кажам дека ми е чест што пред крајот на кариерата ми е чест што сум дел од колектив што личи на кошаркарски клуб, кој ги исполнува стандардите од сите можни аспекти. Како играчи ги имаме сите можни услови за да работиме и да напредуваме, верувам дека е го искористиме тоа. Се надевам дека ќе продолжиме да се развиваме и дека ќе го кренеме резултатот во однос на лани, дека ќе донесеме барем еден трофеј во кошаркарска Битола. Екипата е променета во однос на лани, покомплетна на сите позиции. Можам да ги пофалам сите, навистина се добри момци и лесно се вклопуваме во системот на тренерот. Јасни се амбициите, борба за сите трофеи верувам дека со квалитетот што го поседуваме можеме да стигнеме далеку. Јас со своето искуство се обидувам на помладите да им објаснам што значи спортот, се надевам дека не се лутат, сето тоа е добронамерно и е за доброто на КК Пелистер, -рече Костоски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни