Поврзете се со нас

АБА лига

Петровиќ: Главната цел е остварена, влеговме во АБА1 лигата

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје не успеа да го освои пехарот во АБА2 лигата, односно по голема драма и дополнителни пет минути македонскиот првак загуби во финалето од Златибор од 78-71.

„Металците“ имаа многу падови и подеми на оваа средба која немаше значење за нив со оглед на тоа што од претходно беше познато дека се враќаат во елитната конкуренција, но без разлика на тоа се сакаше победнички крај на сезоната, меѓутоа неконстантноста во играта донесе пораз во СЦ „Јане Сандански“.

Тренерот Александар Петровиќ жали што завршниот турнир не го завршија на посакуваниот начин, ама во исто време е задоволен што е остварена главната цел.

-Честитки до Златибор за освоената титула, им посакувам влез во АБА лигата. Лошо влеговме во натпреварот, им дозволивме да направат предност од 20 разлика. Потоа успеавме да ги стигнеме со зона, ги свртиме работите во своја корист, имавме шанса за победа, зицер преку Мекиќ, ама што да се прави тоа е кошарка.

-Во продолжение паднавме на психички план, веројатно не стигна и заморот. Следна сезона е следна сезона, рано е да зборуваме. Ни престои домашното првенство. Ја остваривме целта, влеговме во АБА1 и тоа е најважно, -истакна Петровиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни