Поврзете се со нас

Балкан

Петровиќ ги спореди Цибона и Партизан: Еден клуб се гаси, а друг со поголем долг ќе игра во Евролигата

Објавено

на

Хрватскиот кошаркарски стратег, Александар Петровиќ често знае да се најде во фокусот на кошаркарската и спортската јавност со своите коментари, ставови, па така во свој стил дојде до центарот на вниманието со споредбите на Цибона и Партизан.

Цибона има голем долг и е на добар пат клубот да згасне, но Партизан кој има уште подебел минус составува моќен тим и се спрема за настап во Евролгата.

-Споредувајќи ја ситуацијата во регионот, гледаме како еден клуб е пред банкрот и исчезнување поради долг од 5.000.000 евра, а друг кој има долг од 7.000.000 евра се спрема за настап во Евролигата, -порача Ацо и потоа додаде:

-Без селективно гледање и лицемерие. Само наведување на фактите каде се денес двата кошаркарски бренда. Нека му е со среќа на Партизан во Евролигата, -порача Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни