Поврзете се со нас

АБА лига

Петровиќ: Целта е да опстанеме во АБА лигата, првото дерби го имаме во четвртото коло

Објавено

на

МЗТ ја отвори со трофеј новата натпревраувачака сезона и стигна до петта титула во Суперкупот, откако вчера го надигра тимот на ТФТ и испорача „стотка“ за старт.

Александар Петровиќ беше задоволен од остварениот резултат и освоената титула, но ова утро одново имаше средба со новинарите, сето тоа како најава за новата сезона во АБА лигата.

Тренерот на МЗТ најави дека главна цел на тимот ќе биде да обезбеди опстанок во елитата во јадранската лига, но и напад на сите титули на домашната сцена.

– АБА лига е меѓу трите најсилни натреварувања во Европа и наша цел ќе биде да опстанеме таму. Целта во АБА е опстанок, а покрај тоа и напад на сите титули во домашните натпреварувања. Почнуваме против Црвена Звезда, во првите пет кола играме против четирите главни фаворити за трофејот.

– И покрај тоа, очекувам добра сезона и пред се, играчите да ги служи здравјето. Задоволен сум од претсезонските натпревари, освен со ПАОК кога се почувствува замор. Почнавме со освојување на Суперкупот, сега продолжуваме понатаму. Минатата сезоан имавме повозрасни играчи во тимот, сега селектиравме според буџетот, но сепак ја подмладивме екипата. Очекувајте низ домашното првенство да добијат шанса и помлади играчи, но во АБА се е подредено на квалитетот и ќе играат најдобрите. Првото дерби за нас во АБА ќе биде во четвртото коло кога ќе ги одмериме силите со Студентски Центар, – изјави Петровиќ на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни