Петров и Гвадалахара се изборија за голем бод со Бидасоа Ирун

petrov sut

Македонскиот интернационалец, Костадин Петров и Гвадалахара со одлична игра во второто полувреме се изборија за реми со фаворизираниот Бидасоа Ирун во АСОБАЛ лигата.

Екипата која оваа сезона игра одлично во ЛШ имаше предност од 14-8 по првото полувреме, но Петров и компанија во продолжението се разбудија, ја избришаа негативата и дојдоа до бод пред своите гледачи.

Нашиот пикер беше автор на еден гол од еден обид, додека најпрецизен беше Колома со седум погодоци. Кај гостите исто „седумка“ од исто толку обиди имаше Муњоз.

Гвадалахара со 6 бода е на 12 место на табелата.

Facebook Коментари