Поврзете се со нас

Англија

Петриќ: Сон ја има самодовербата на Ибрахимовиќ…

Објавено

на

Хеунг-Мин Сон со години е еден од најдобрите играчи на Тотенхем, а најдобар доказ за тоа се 134. постигнати голови за составот од северен Лондон.

Офанзивецот е еден од најопасните офанзивци во Премиер лигата иако често е во втор, трет план кај јавноста. Меѓутоа неговите партии, голови, асистенции, пробиви го прават да биде посебен играч, а тоа го знае Младен Петриќ кој своевремено беше соиграч со репрезентативецот на Јужна Кореа.

-Она што исто така ме импресионираше беше дека уште во првата сезона тој беше полн со самодоверба. Имаше толку голема самодоверба што беше речиси како Златан Ибрахимовиќ. Тој не се однесуваше така – апсолутно не, секогаш многу љубезна личност со двете нозе на земја.

-Но кога разговараше со другите играчи на негова возраст, неговите пријатели, им велеше: „Ќе станам еден од најдобрите играчи во светот“ и им велеше: „Јас сум подобар од ова момче“ – дури и на луѓето кои има добри кариери, -истакна Петриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни