Македонија
Петрески прв презема одговорност по шокот од Воска: Вардар остана и без вториот тренер во неполн месец
Горан Петрески неодамна му се приклучи на Вардар и првично пристигна за да биде дел од стручниот штаб на Горазд Михаилов, но откако тренерот спогодбено ја прекина соработката со клубот, популарниот „Чунга-лунга“ доби шанса да биде лидер на првиот тим.
Петрески го наследи Вардар од Михаилов по победата од Пелистер извојувана на домашен терен, но двата порази претрпени од Шкупи и Воска Спорт, сега направија да видиме нова тренерска смена во најтрофејниот македонски клуб.
Петрески решил да преземе одговорност по срамното издание против Воска на „Тодор Проески“, па заедно со своите помошници поднеле неотповиклива оставка.
Тимот има катастрофален старт на новата сезона и „Комити“ јасно го искажаа својот бес, па сега останува да се види кој ќе биде изборот за нов тренер од страна на новата управа.
– Јас и мојот стручен штаб ја преземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати, – гласи изјавата на Петрески.
-
Балканпред 18 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед