Поврзете се со нас

Англија

„Петлите“ победуваат и со играч помалку: Тотенхем е нов лидер во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/JacobsBen

Тотенхем остана без главната ѕвезда Хари Кејн во летниот преоден рок и многумина се прашуваа како без него ќе изгледа клубот од Лондон, одговор кој избраниците на Постекоглу постојано го даваат на зелениот терен.

Имено „петлите“ денеска оставрија нов триумф, шести во осмиот меч во Премиер лигата со што се искачија на врвот на табелата. Тотенхем и со играч помалку успеа да слави над Лутон со 1-0 со погодокот кој на стартот на вториот дел го постигна дефанзивецот Ван Де Вен на асистенција на англискиот репрезентативец Медисон.

Ова е големи три бода за гостите со оглед на тоа што истите ги заработија без Бисума кој беше исклучен во самата завршница на првиот дел.

Сега Тотенхем има 20 бода, два повеќе од Сити и три од Арсенал, тимови кои утре имаат меѓусебен дуел на „Емирејтс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни