Поврзете се со нас

ВТА

Петкратната грен-слем победничка Швјонтек доби суспензија поради позитивен допинг тест

Објавено

на

foto:twitter.com/iga_swiatek

Полската тенисерка Ига Швјонтек прифатила едномесечна суспензија, како казна за позитивниот тест за користење забранета супстанца.

Петкратната грен-слем победничка ја користела сусптанцата триметазидин и истата била утврдена при допинг контрола направена додека Швјонтек не се натпреварувала на некој турнир и се уште беше светски рекет број еден.

Интенационалната агенција за интегритет на тенисот утврдила дека Швјонтек се контаминирала преку употреба на лек за срце, во кој е содржана супстанцата, но исто така е потенцирано дека тенисерката немала намера да користи класичен допинг.

Имајќи ги предвид сите детали, агенцијата и понудила на Швјонтек едномесечна суспензија и истата била прифатена од тенисерката која во моментов е на второто место на ВТА ранкингот.

Суспензијата на Швјонтек ќе биде активна до 4. декември, а тенисерката ќе ги врати и заработените пари од турнирот во Синсинати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни