Поврзете се со нас

Македонија

Петковски: На Работнички местото му е во Топ 4

Објавено

на

Составот на Работнички ја прокнижи втората победа во домашниот шампионат и тоа на тешкото гостување во Тетово кај Ренова.

„Романтичарите“ славеа со 1-0, а голот вреден три бода беше дело на Петар Петковски. Петковски е задоволен и среќен поради тоа што донесе славје за неговата екипа, но смета дека тоа веќе мора да се заборави и фокусот да се стави на следните мечеви каде треба да се остварат позитивни резултати кои се на реномето на клубот.

-Остваривме навистина значаен триумф. Ренова е квалитетен тим, посебно на домашен терен во Тетово и кога ќе освоите три бода можете да бидете навистина задоволни. Трениравме квалитетно за време на репрезентативната пауза и тоа веднаш донесе резултат. Местото на Работнички секако му е во Топ 4 во македонскиот фудбал. Наше е да продолжиме во ист стил и да го потврдуваме тоа на секој нареден натпревар. Сега сме веќе фокусирани на новиот предизвик, дуелот против Струга Трим Лум, -порача Петковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни