„Петки“ на Костески и Митков во Австрија

mitkov

Македонските ракометни интернационалци Влатко Митков, Никола Костески и Горан Крстевски доживеаа порази со своите тимови Брегенц и Линц на денешните средби од четвртото коло во првата лига на Австрија.

Митков загуби од својот поранешен клуб Кремс со 32-25. Брегенц едноставно немаше одговор за гостите кои беа подобри во двете полувремиња. Јуриќ Гргиќ со 9 голови беше најдобар стрелец на средбата, Физулето и Јохман дадоа по 7 гола за Кремс, додека нашиот Митков беше автор на 5 голови.

Костевски и Крстевски со Линц беа надиграни од Алпла Хард со 27-23. Крилото Костески со 5 голови повторно беше меѓу најдобрите во домашниот табот, додека Крстевски немаше учинок на овој дуел.

Facebook Коментари