Поврзете се со нас

Свет

„Петка“ на Томовски против Флензбург, Штутгарт на Пешевски немоќен против Кил

Објавено

на

Македонските репрезентативци Мартин Томовски и Жарко Пешевски доживеаа порази со своите екипи во најновата рунда во Бундеслигата.

Лудвигсхафен како домаќин не успеа да направи изненадување и загуби од Флензбург со 29-20. Гостите беа подобри, порасположени за игра, го контролираа резултатот во двете полувремиња и заслужено дојдоа до 10 сезонско славје.

Нашиот Томовски имаше добра минутажа, беше на теренот 45 минути за кои запиша пет одбрани.

Пешевски пак немаше учинок во поразот на Штутгарт од фаворизираниот Кил од 34-27. „Зебрите“ уште во првиот дел направија предност од пет голови (19-14) која во продолжението дополнително ја зголемија.

Штутгарт со 15 бода е на 8 позиција на табелата, Лудвигсхафен пак со 5 поени е на 19 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни