Поврзете се со нас

Свет

„Петка“ на Костески за Линц

Објавено

на

Македонското крило, Никола Костески одигра уште еден добар натпревар во дресот на австриски Линц и тоа во дуелот против ХСГ Ремус.

Тимот на Ремус по голема борба се избори за минимален, ама значаен триумф од 28-27. Ѓурѓевиќ со 8 и Стојановиќ со 6 беа најефикасни играчи кај победникот, додека пак Кислингер даде 11 голови за Линц, состав за кој Костески реализираше петпати од седум обиди.

Ова за Никола и компанија беше четврти пораз во петтиот натпревар во плеј-аут групата во првата лига на Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни