„Петка“ на Борко, Барселона се загреа за дербито со Вардар (Видео)

borko

Шпанскиот гигант Барселона дојде до уште една нова победа во АСОБАЛ лигата над Хуеска со 33-20, меч кој беше генералка за избраниците на Чави Пасквал за пресметката со нашиот Вардар која е на програмата в сабота од 18 часот во „Палау Блауграна“.

Барса дојде до триумфот со рутинска игра, во првиот дел дојде до предност од 10 голови (17-7), додека вторите 30 минути послужија само за потврда на триумфот.

Нашиот Борко Ристовски запиша пет одбрани, а добро за каталонците е што се вратија дел од повредените како Тимотеј Нгесан, Јуре Доленец, Ваел Жалуз и Гонзало Перез Де Варгас.

Facebook Коментари