Поврзете се со нас

Англија

Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…

Објавено

на

Ливерпул го „води орото“ во оваа сезона во Премиер лигата, сезона во која засега изгледа дека ќе добиеме нов првак, нов владател во англискиот фудбал затоа што Манчестер Сити покажува доста слабости и веќе е во дебел минус уште во оваа фаза на шампионатот.

Секако има уште многу да се игра, доста работи можат да се променат, но веќе е формирана една слика и останува да се види дали таа ќе се промени во продолжението. Сега многумина го гледаат Арсенал како главен противкандидат, конкуренц на Ливерпул за врвот на табелата, но според Емануел Пети се заборава на Челси, клуб кој според него го има најсилниот состав во ПЛ.

-Дали Арсенал е единствениот тим што може да го стигне Ливерпул? Тоа е добро прашање. Па, да бидам искрен, не. Бев со друг поранешен играч пред некој ден и тие рекоа дека Челси нема шанси, но јас не се согласувам. Го гледам распоредот и тие имаат многу поволна серија и исто така играа против речиси секоја голема екипа во досегашниот дел од сезоната.

-Нема лесен натпревар во Премиер лигата и има долг пат да се оди, но во моментов би морал да кажам дека мора да се внимава на Челси, бидејќи тие се одлични под водство на Мареска. Начинот на кој се трансформираа оваа сезона е прекрасен – нема да ги оставам надвор од трката за титулата. Мојот Арсенал заостануваше 13 поени во 1998 година на Божиќ и ние го освоивме – затоа не исклучувајте никого!

-Сите забораваат дека Челси го има најсилниот состав во Премиер лигата и со другите клубови кои играат во Лигата на шампионите и на секои три дена, тие имаат навистина силна можност да го надополнат теренот. Декември е, затоа сè уште не ги отпишувајте ги, -порача Пети.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни