Свет
Пети за играчот кој е посебен: Има се, би платил пари за да го гледам!
Емануел Пети беше дел од една успешна генерација на Франција, генерација која стана европски и светски шампион на крајот на минатиот и почетокот на овој век, а во исто време беше дел и од големи клубови како Арсенал, Барселона, Челси и Монако.
Пети се има соочено со доста предизвици, има видено супер квалитетни играчи, асови низ кариерата и доста знае за фудбалот, па кога вакво име со одбрани зборови говори за некој од новата фудбалска сцена тоа дефинитивно има значање.
Имено Французинот има навистина високо мислење за шпанскиот бисер и ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал кој иако се уште е тинеџер едноставно го воодушеви светот со своите изданија како на клупската така и на репрезентативната сцена.
-Тоа е Ламин Јамал, 17 години. Тој ги прави работите на теренот неверојатно. Досега има одлична сезона со Барселона, освои голем трофеј минатата сезона со својата репрезентација, веројатно беше најдобриот играч на европски турнир – со 17 години.
-Овој човек, би платил пари за да го гледам. Може да игра со десна нога, лева, може да дрибла со двете нозе, така што тоа е невозможно. И згора на тоа, тој е толку динамичен, знаеш? Со нозете, тој е брз и секогаш носи вистинска одлука со топката. Згора на тоа има визија, интелигенција, движење, тој веќе има сè на 17 години, -вели Пети за „ТНТ Спортс“.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Храбро издание и нецелосна награда: Македонија испушти победа, но може да биде горда на прикажаната игра