Поврзете се со нас

Англија

Пети за ѕвездата на Ливерпул: Тој е еден од најлошите играчи на неговата позиција

Објавено

на

Ливерпул покажа слабости во соочувањето со Манчестер Јунајтед, средба на која влезе како голем фаворит, меѓутоа тоа не го оправда на теренот и на крајот можеше да остане и со празни раце ако дефанзивецот Хари Мегваер подобро се снајдеше, шутираше во судиското продолжение.

Еден игра на „црвените“ беше посебно таргентиран од медиумите, стручните аналитичари, односно доста критики беа испратени на адреса на Трент Александер Арнолд за кого во изминатиов период се погласно се говори дека ќе заврши во Реал Мадрид.

Најбрутален, најжесток како секогаш беше Рој Кин, но и Емануел Пети не го поштети играчот чиј договор со премиелригашот завршува на крајот на месец јуни.

-Отсекогаш сум го имал истото мислење за Трент Александер-Арнолд, тој е одличен играч со технички способности, неверојатни додавања и визија, но не е дефанзивец. Тоа го мрази. Кога играш во тим како Ливерпул, тие можат да се справат со таа слабост, но за малку ќе загубија од Манчестер Јунајтед на Енфилд поради него. Начинот на кој бранеше Александар-Арнолд беше ужасен, беше толку мрзлив за голот на Лисандро Мартинез.

-Јас сум груб, ама не ме чуди ниту неговата способност за дефанзива. Со топка, Александар-Арнолд е најдобар на својата позиција, без топка е еден од најлошите. Овој натпревар значеше многу, тој го знае тоа бидејќи е од градот и Ливерпул е во неговата ДНК, -истакна Пети за „DisCasino“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни