Поврзете се со нас

Англија

Пети „удри“ по својот поранешен клуб: Ако не заете дека тоа е Арсенал, ќе си речете дека гледате некој потпросечен тим

Објавено

на

Поранешниот француски репрезентативец и член на Арсенал, Емануел Пети уште еднаш упати низа критики на тимот од Северен Лондон.

„Топчиите“ играат уште една катастрофална сезона во која се наоѓаат на десеттата позиција на табелата во Премиер лигата, а дека се далеку од врвот во Англија покажа и нивниот последен натпревар против Ливерпул кој го загубија со 3:0.

По тој натпревар жестоки критики на адреса на играчите упати и Џејми Карагер, кој посебно го искритикува Пјер Емерик Обамејанг за кого посочи дека станува „новиот Озил“ во тимот.

– Ако го изземете името Арсенал и ги погледнете играчите…просечно. На крајот на сезоната, ако јас сум Арсенал, ако јас сум Артета, ако јас сум дел од одборот на клубот, ќе избркам половина од играчите кои се појавуваат во соблекувалната.

– За мене најголемата грешка која ја прават последните години е тоа што имаат смешна трансфер политика. Немаат исти финансии како Јунајтед и Сити, но не се многу зад овие клубови. Се уште имаат моќ да носат фудбалери, но мора да прашам, кој го следи трошењето на пари во последните шест-седум години?, -изјави Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни