Поврзете се со нас

Франција

Пети со замерка за Мбапе: Треба да внимава што зборува

Објавено

на

Килијан Мбапе беше критикуван за својот настап на дуелот меѓу Данска и Франција, а по натпреварот отиде чекор подалеку, изјавувајќи дека во ПСЖ ја нема слободата во играта која ја има во националниот тим.

Типот на фудбалери му овозможува на Мбапе да игра на поинаква позиција во нападот, а неговата изјава предизвика одговор и на тренерот Кристоф Галтие.

Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети, во своето последно гостување упатил критики на сметка на Мбапе.

– Секогаш истиот фудбалер се жали, во одреден момент ќе мора да запре.

– Килијан е многу интелигентен и треба да ги знае последиците од кажаните зборови.

– Наместо да му каже што има на тренерот во четири очи, тој зборува јавно и си предизвик „бумеранг“ ефект. Зборуваме за важен играч кој ги става работите на знаење на целокупната јавност, ако бев на местото на Меси и останатите, ќе му се лутев по секој јавен настан. Што е следно, сам да го избере тимот со кој ќе настапува, – изјавил Пети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни